Актуелно

ВМРО ДПМНЕ: Нема ден да нема жалби за отпуштањата од работните места и беспарицата која го снајде народот

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните  „Вашите проблеми, заеднички решенија – Ја сакам Македонија“, до партијата секојдневно пристигнуваат десетици сугестии, предлози и проблеми со кои се соочуваат граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Илјадници граѓани нема да земат плата за март, месец во кој буџетот и економијата се уште „блескаше“, па владата не успеа и покрај предупредувањата да обезбеди мерки и заштита за граѓаните кои сега останаа без работа.

Нема ден да нема жалби за отпуштањата од работните места и беспарицата која го снајде народот. Отпуштањата во угостителството ќе се зголемуваат секој ден, малите бизниси плати не можат да се исплатат ни за март, ниту пак можат да ги користат мерките на владата без дополнително да се задолжат. Неспособноста и безидејноста на владата само вчера ја чинеше економијата најмалку 15.000 отпуштања, илјадници семејства до крајот на кризата не ќе можат да се прехранат.

Граѓаните во своите сугестии предложуваат на отпуштените вработени да им се најде решение или времен ангажман додека трае кризата, за да можат да земат барем минимална плата. Владата мора итно да најде решение за овие луѓе кои ќе бидат на работ на егзистенција во следниот период.

Дел од малите текстилни фабрики кои се пред затворање, да го преориентираат своето производство и да произведуваат заштитни маски, скафандери и слична заштитна опрема, предложува жител на Скопје. За ова, истите да добијат државна помош и субвенции за придонеси, со што ќе се задржат работните места, а полицијата, армијата и здравствените работници би ја добиле неопходната заштитна опрема.

Заради рестрикциите на движењето секојдневно редовите пред маркетите и банкоматите се се поголеми, гужви и турканици има на секој чекор. Жителите на поголемите градови велат дека надлежните институции мора да го решат овој проблем, не само вината да ја префрлаат на граѓаните кои не сакаат да го зголемуваат ризикот за корона вирусот со присуство во толпите.

Ги повикуваме граѓаните предлозите и сугестиите и натаму да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до [email protected].

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со овој начин на комуникација и нудење на заеднички решенија, затоа што ја сакаме Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

На почеток