Коронавирус

Американска студија: Експерименталниот лек за короната делува, луѓето оздравуваат за неколку дена

Пациенти кои го примиле експерименталниот лек „Ремдесивир“ многу брзо се опоравиле од коронавирус, а некои биле пуштени од болницата по неколку дена, објави СТАТ Њуз, а пренесе Си-Ен-Ен.

Пациентите кои имале сериозни симптоми и треска биле дел од експериментален третман во болницата на Универзитетот во Чикаго. Тестирањето било извршено врз 125 лица, а 113 од нив имале потешки форми на болеста. Сите 125 примале дневни дози на Ремедивир.

„Загубивме само двајца пациенти, а огромното мнозинство беше ослободено дома“, рече Кетлин Мулан, специјалист за проценката на третманот со наведениот лек.

Универзитетот во Чикаго се изјасни дека само ќе ги објави резултатите од експериментот по завршувањето на третманот, без дополнителни коментари.

Фото: Си-Ен-Ен

На почеток