Делчевското Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.Ѓ (25) години од село Лаки, Виничко за сторено кривично дело – силување. Пријавениот, како што е наведено во полицискиот извештај извршил обљуба врз малолетно лице од Делчево.
-Кривичното дело го пријавила 29-годишна жителка на Делчево која навела дека К.Ѓ.(25) од с.Лаки, Виничко, извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. К.Ѓ. е лишен од слобода, а за настанот е запознаен Јавен обвинител, кој изготвил кривична пријава, стои во соопштението од МВР.
Делото е пријавено на 16 април 2020 во 12.30 часот во Одделение за внатрешни работи Делчево. По изготвената пријава, пријавениот е изведен пред судија по претходна постапка.
фото: Архива