Македонија

Oд утре скратен полициски час од 19 часот до 5 часот наутро

Владата на седница донесе одлука со која се скратува полицискиот час. Како што соопшти премиерот Оливер Спасовски на социјалната мрежа „Фејсбук“, полицискиот час ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 5 часот наутро, а за време на викендите – од сабота во 15 часот до понеделник во 5 часот. Одлуката стапува во сила од утре.

-Штотуку донесовме важни одлуки на седница на Влада.

Повеќе детали на прес-конференцијата во 17 часот.

Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето.

Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.

За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне.

Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.

Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро.

Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.

https://www.facebook.com/o.spasovski/posts/1559575540886730

фото: ФБ Оливер Спасовски

На почеток