Македонија

(ВИДЕО) СДСМ се оградува од изјавите на Максим Димитриевски, велат: Законите важат еднакво за сите

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, истакна дека партијата се оградува од изјавите на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кои истакна дека сме во еден сличен режим како претходниот.
-СДСМ се оградува од ваквите изјави на Максим Димитриевски и од неговото однесување во последните денови. Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на здравствената состојба и во Куманово и секако на територијата на Република Северна Македонија. Изјавите за тоа дали наликувало на режим или слично со сигурност нема да ги спречат институциите да постапуваат и дејствуваат согласно законите за што и самиот Максим Димитриевски е свесен дека во нашата држава законите важат еднакво за сите.
Овде би сакал да потенцирам дека од прес-конференцијата којашто се одржуваше во Куманово има и други членови на Владата на Република Северна Македонија коишто се ставени во изолација, мислам дека нивната изолација завршува денес, но што е пораката од сето тоа дека мерките, препораките, уредбите донесени од страна на Владата важат и ќе важат за сите подеднакво без разлика кој на која и на каква позиција се наоѓа во општеството, истакна Костадинов.

На почеток