Македонија

Познато е кога ќе се одржат престојните избори, водејќи се од чекорите на институциите

Ѝ натаму не е јасно дали двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе ги усогласат ставовите за датумот на одржување на изборите, но сè поизвесно е дека тие ќе одржат кон крајот на јуни, објави А1ОН.

За досегашните избори, датумот се одредуваше со усогласување на ставовите на власта и опозицијата, но овој пат, Уставниот суд пресече и го отвори патот за продолжување на изборните дејствија со прекинот на вонредната состојба од страна на претседателот Стево Пендаровски. Уставните судии решија да не поведат постапка за владината уредба со која поради коронавирусот, Државната изборна комисија ги запре сите активности поврзани со изборниот процес.

Првиот човек на ДИК, Оливер Дерковски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, на 22 март го потпишал заклучокот, со кој, се обврзува за четири дена по прекинувањето на вонредната состојба, да продолжат да течат преостанатите 22 дена од изборните дејства, до одрувањето на изборите.

Текстот во целост на А1ОН

На почеток