fbpx
нед. Мај 24th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Каков хорор трпи скопско семејство – болница, полиција, тестови, закажување операција…

ФБ статус:

– Долго се мислев дали да го пишам постов… ама ќе го пишам. Премногу е долг, ама не може пократко…

Ќе пробам (накратко иако е невозможно) да Ви раскажам хорор приказна од еден ден. Што се може човек да доживее во 9 часа…

Петок, 15ти мај 2020… 17ч

Ми ѕвони брат ми (Vlado) кој беше пеш тргнат накај средно Водно по козји патеки…

– Брат, те молам дојди, ме удри велосипедист по пат одејќи нагоре… Не прашав ништо, тргнав веднаш. Застанав само на бензинска да земам едно шише вода.

Бев малку збунет, си викам брат ми е над 100кг човек, што ли се случило… Возејќи нагоре му ѕвонам да го прашам како е, што се случило, сепак да знам што да очекувам. Ми вика:

– Вељо го знаеш од Карпош? Полицаецот? Викам, го знам… Е па тој ме удри. Вељо е инаку скоро 2 метри човек. Е па вика со точак се спушташе од водно и директно удри во мене. Многу лошо се осеќам. Кај те удри му викам? Вика директно во глава и се потркалав малку кога паднав.

Стигам на местото на настанот, а тие во меѓувреме веќе излегле полека на асфалтниот пат. Го гледам брат ми изгледа како воз да го згазил. Му тече крв од нос, кај слабината раскрварен, лакти одрани, а во ликот чуден… Оток, ама како вдлабнатина… чудно. Многу чудно. Ја отворив водата што ја носев, се изми, се напи вода… Со цел памет, од истото шише изгледа се напи и Вељо. Битна информација за подоцна.

Едвај го седнав во кола и назад… Застануваме на ургентен, во државна болница… Влегуваме полека внатре и чекаме 20 мин пред шалтер (иако имаше вработена од другата страна на шалтерот) . И викам, ве молам, многу лош удар има добиено, болки има премногу, ве молам да влеземе… Ми побараа лична карта од брат ми и чекаме… чекаме… мноооогу чекаме, некако влеговме во делот за прием, му измерија температура (мене не) и чекаме… пак чекаме… На брат ми му пука филм и вика, брат си одиме, мора да ме прегледаат воопшто не ми е добро, вози во Систина, ќе платам ама барем да ме види некој. Тргаме. Во меѓувреме додека чекаме ги информираме поблискиве пријатели и фамилија што и како се случило и што правиме во моментов. Еден од пријателите веќе се јавува во Систина (дури и за таму треба да имаш луѓе изгледа  ) и стигаме таму, не пречекуваат, веќе знаат дека сме ние тие за кои што се јавило. Го земаат брат ми во количка го носат во една од собите на ургентен. Не прашуваат што се случило, кажуваме. Го прегледува докторка (детално) . Го праќаат на компјутерско снимање. Во меѓувреме почнат е веќе полициски час и пред Систина седи константно полиција (алфи) за пациентиве кои си одат да се пријават кај нив) Оди докторката напред, јас по неа (додека го снимаат брат ми) и им ја пренесува приказнава. Луѓето пријавуваат кај треба) а на враќање веќе и портирот разговараше со полиција.

Заврши брат ми со снимање, го легнаа, му дадоа нешто против болки, инфузии чуда и чекаме… во меѓувреме излегуваат резултатите од снимањето и на нив: ФРАКТУРА НА ЛИЦЕВИТЕ И НА МАКСИЛАРНИТЕ КОСКИ…  Доаѓа докторката и вика, дечки среќа во несреќа што нема никакви внатрешни крварења, само неколку коски му се скршени. АЛООООО … НЕКОЛКУ КОСКИ…

Добро бе викам, точак ли го удри, воз ли го згази. Којзнае колку брзо има возено дечкото со точакот ми вели докторката. Живот ни промени у дел од секунда.

Доаѓаат двајца полицајци. Добровечер, ние сме од увидна полиција. Што се случило? И брат ми полека почнува да кажува (бидејќи не може многу да ја мрда вилицата од болки и од трнење)

По неколку кажани реченици му викаат: Вака… Ова ние не можеме како сообраќајна незгода да го водиме бидејќи се случило на козја патека (официјално не е пат). Ќе јавиме на колегите од Полициска Станица Карпош, па тие ќе продолжат со пријавата. Во ред… си отидоа.

Во меѓувреме се слушаме со блиски луѓе, информираме, што како… ДРУГАРИВЕ (намерно со големи букви, може требаше со уште поголеми да ги пишам). Ѕвони и Вељо неколку пати. Му викам, добро бе, што направи? Вика што направив бе? Точак возев… Му викам, дали си норамелн бе? Брат ми има скршеница. Де бе, не се удривме толку… НЕ СЕ УДРИВМЕ? Му викам, брат ми има фрактура на повеќе коски алоооо. Он оди пешки, ти со точак и сте се удриле? Тогаш ако ти не си возел брзо, гарант брат ми има многу брзо одено нагоре, па он е крив. Нејсе… Вељо ладен, незаинтересиран, индиферентен. Другариве на брат ми веќе контактираат еден познат максилофацијален хирург, договараат операција ВЕДНАШ… Додуша и Вељо во еден момент рече да проба да најде некој, имал луѓе (подоле всушност ќе видите за што се ги користи тие луѓе).

Пред да го пуштат брат ми, викаат чекај да ти направиме и крвна слика, сепак одиш на хоспитализаија. Покрај крвната слика му прават и IgM тест кој за чудо го вади ПОЗИТИВЕН на IgM ама не и на IgG. Значи имал контакт со вирус, организмот ствара анти-тела, ама не го прележал (не е позитивен на IgG) Му мерат пак температура, 36,3, го праќаат на скен на бели дробови, одлична состојба. Ни обаснува докторот што значи ова (погоре што почнав да објаснувам) дека пола држава да се тестира сега би била позитивна на ИгМ тест.

Тргаме накај Максилофацијална клиника во Клинички Центар. Дојде веќе нешто после 21ч…

Стигнуваме таму, ѕвониме, ни отвара сестра, му поставува прашања за COVID, го внесува во една соба со стоматолошка столица. Мене ми викаат да излезам надвор. Во меѓувреме ми ѕвонат од Полицијата од Карпош… Господине, немам слободни полицајци ќе биде ли проблем покасно да Ве побараме да договориме за изјавата? Нема проблем, барајте ме било кога. Во ред, пријатно – пријатно. Излегува брат ми по 15-20 мин и ми вика: Брат, вака стојат работите. Поради тоа што сум позитивен на IgM тестот, мора да правам PCR тест за КОВИД… ако излезе тестот негативен, доаѓам и ме оперира човекот овде, ако не дај боже излезе позитивен, одам во 8ми Септември, ме хоспитализираат и таму ќе ме оперираат (дури и истиот хирург) . Решаваме да си одиме, да отспиеме, сабајле да ја продолжиме процедурата (јавување кај матичен, закажување тест преку Центар за Јавно Здравје) . Им врти брат ми на пријателиве да им каже што се случило, а мене ми ѕвони Вељо ладниот, незаинтересираниот. А бе брат ти бил позитивен на КОРОНА… од кај ти е му викам оваа информација? Вика само што ми кажаа од Максилофацијална. (Значи веќе 5 мин по излегувањето информации фрштат) Му викам правен му е IgM тест, утре правиме PCR … Целиот во паника, леле ама ја со деца дома, леле леле… одеднаш чувство бликна од човеков. Ама овојпат се работеше за негови блиски, не за мои.

Пријателиве со кои контактираме, ни викаат враќајте се назад во Систина ќе пробаат веднаш да Ви направат PCR тест… Тргаме. Стигнуваме таму и добиваме информација дека лаборантите односно тие кои вршат тестирања веќе им завршило работно време (до 22ч) и си отишле. Нејсе… Тргаме да си одиме накај дома.

До сега, покрај целиот шок со изминатиот ден генерално го соџвакавме и помина ко што помина. Тргаме од Систина накај дома и кај Хотел Карпош ми ѕвонат од Полициска Карпош. Господине, може ли некои информации ни требаат за настанов да ми дадете? И јас тука ја правам најголемата грешка на вечерта. Им викам: ај во близина сме, додека се објаснуваме по телефон, ќе дојдеме до станица.

Во ред вика, ве чекаме.

Уште не влезени во дворот на полицијата од таму во хор полицајци: Ти ли си позитивен на Корона? Ти ли си болниот? Брат ми не може да збори, јас полека пробувам да објаснам што е IgM тест, што е PCR тест… Ни измерија температура (овојпат и на двајцата) . Земаа лична карта од брат ми и се повлекоа внатре. и цело време по канцелариите само се шушкаат нешто.

И ете ги излегуваат по 10тина мин. Вака вика еден од полицајците…

Вие мора да одите одма во 8ми Септември бидејќи примивме дојава од Максилофацијална дека сте позитивен на Корона.  Се насмеавме и им викам ви објаснив пред 10 мин како стојат работите.

Речиси е полноќ

Може ли викам да си одиме дома, сабајле одиме во Систина и правиме брз тест (6000 денари) и добиваме резултати за неколку часа. Ако одиме преку Центар за јавно здравје, ќе имаме резултати за 2 дена од тестирањето. Нема шанси, ќе ве гониме кривично ако вечерва не се јавите во 8ми септември. Така и ви било речено на Клиника. Викаме да, ни рекоа да се јавиме, но не вечерва. Уствари нели викам ние дојдовме да дадеме изјава за настанот? Ќе се регистрира ли некаде тоа? Ќе јавиме ние на испектори ко ќе можат ќе ве побараат ни вика полицаецот. По неколку обиди да се објасниме, гледаме не бива , во ред… одиме во 8ми.

Не пречекува сестра облечена ко космонаут, затоа што 8ми септември е центар за Ковид на државно ниво. Фина сестра, зборлеста. Што е проблемот? – ни вика. И објаснуваме… Имаш температура? Не. Му мерат – нема. И даваме на увид и снимки и резултати од Систина. Деца… одете си одма вечерва секако нема кој да ве тестира, а ќе треба да лежиш во соба со високо суспектни личности. Ама…да не одлучувам на своја рака да го викнам дежурниот доктор. Јас во меѓувреме добивам повик од Полиција Карпош и полицаецот ми вика, јави ми што е решено во 8ми Септември. Доаѓа по 10 мин докторот ги зема сите извештаи и резултати и се повлекува (некаде на спрат)… чекаме… поминува скоро пола саат и вика пациентот да се хоспитализира, за операција. Брат ми вика, ама јас сакам да направам тестирање, ако сум негативен, да се оперирам на Максилофацијална. Вика, а бе фати си ти место, знаеш како е. Македонија е ова  Викаме, фала на грижата, ама не сакаме да легне брат ми во соба со луѓе виско-суспектни. Доаѓаме сабајле, вратете ни ги резултатите… Во ред…. Чекаме… пола час, час… нема ни трага ни глас. 100 пати на шалтерот замоливме да го побараат докторот да ни ги врати документите. во 1:45 ни ги вратија, едвај (па моравме 80 денари за „прегледот“ да платиме на шалтер  ) Му се јавив и на полицаецот дека одиме накај дома, запиша и адреса каде да го бараат брат ми . Дома дојдовме нешто после 2 часот.

Сфативме дека уствари е реагирано (ургирано) кај полицајците, да не „држат“ колку што е можно изолирани, а настанот е небитен.

Сабајле го однесов брат ми да се тестира во Систина… Нормално дека излезе дека е НЕГАТИВЕН… на коронавирус. Негативен… ама во сабота сабајле, кога доктори нема, кога ништо не работи до понеделник, а тој со скршеници…. сега треба да чекаме понеделник за да се појавиме на максилофацијална со резултатите. А кога ќе го оперираат бог знае…

П.С. Искрено имавме намера само да го пријавиме случајот само за евиденција поради активирање на осигурување и не планиравме ништо друго. Ама после сите опструкции вчера… Последно да ми биде, ќе идам до кај треба – до крај.

П.П.С. Ако не ве убие корона… не се секирајте, секогаш има втора опција

Долго се мислев дали да го пишам постов… ама ќе го пишам. Премногу е долг, ама не може пократко…Ќе пробам…

Geplaatst door Мицко Дамњановски op Zaterdag 16 mei 2020