fbpx
пон. Мај 25th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ОК ВМРО ДПМНЕ: Охрид само со СДСМ и Георгиески не може да го задржи статусот на светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО

Нарушувањето на светското природно и културно наследство на Охрид пред очите на Георгиески никако да запре, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ.

Георгиески зошто ја лажете јавноста или тоа веќе Ви премина во навика?

Ако се почитуваат законските процедури за да се отстрани ѕидот до самото Охридско Езеро во Градиште, а се ближи и крајот на месец мај, тогаш зошто тоа не е направено и отстрането во предвидениот рок од општина Охрид?

Тука е вашето лицемерие затоа што во целиот мандат освен селективни решенија за рушење повеќе храборост не видовме.

Јавноста е сведок дека не срушивте ниту еден објект.

Дали тоа го правите свесно и намерно сакајќи да помине Законот за легализација предложен од вашата партија?

Или сѐ Ви е пресметано во предизборен пазар?

И после со право ќе се плашите за Вашиот живот.

Фактурите пристигнуваат, а никој од времето не избегал исто како Вас.

Веднаш да пристапите кон рушење!

Охрид само со СДСМ и Георгиески не може да го задржи статусот на светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива