fbpx
вто. Мај 19th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Уапсена директорка на старски дом во Србија во кој се заразиле 49 лица, а починале шест лица

Во Србија, корона вирусот направи големи проблеми во домови за стари лица.

Како што информира „Блиц“, во домот за стари лица „Радост“ во Неготин се заразиле 49 лица, а шестмина починале.

Високиот суд во Неготин, поради ваквата ситуација, издал налог за апсење на директорката на домот, извесна Бранка П., која веќе е приведена. Таа е уапсена под сомнежи за небрежност и непреземање на пропишаните и неопходни мерки.

фото: Архива