Македонија

(ФОТО) Отстранетите платформи се враќаат во Охридско Езеро

Една од платформите поставена во Охридско Езеро која беше отстранета кон крајот на месец септември минатата година, односно по летната сезона во Охрид, а е лоцирана на плажата Канео, сега повторно е поставена на истото место. Од неа, беа извадени само штиците, но не и металната конструкција. Пред почетокот на овогодинешната туристичка сезона, платформата е повторно наместена на истото место каде што беше. Ваквиот потег создаде револт кај жителите на Охрид, но и еколошките здруженија.

Од „Охрид СОС“, вината за ова ја гледаат кај Општина Охрид и Владата, за кои сметаат дека ја лажат јавноста, но и УНЕСКО со наводно воспоставување на ред во градот. Во објавата од Охрид SOS се вели:

-Дека сè беше една голема претстава, дека се само големи лицемери и глумци, дека Општина Охрид и Влада на Република Северна Македонија ја лажат и светската организација и домашната јавност, покажува и оваа обратна акција, на враќање во претходна состојба на платформата во Канео. Привремено демонтирана, пред новата летна сезона, полека се подготвува инфраструктурата за нови потенцијални гости. Бидејќи профитот е побитен од природното и културно светско наследство.

Некој ги посоветувал привремено да ги отстранат штиците од металните конструкции пред доаѓањето на Реактивната мисија на UNESCO, International Council on Monuments and Sites (ICOMOS) и IUCN. Секоја штица е обележана со број, знеаејќи дека штом мисијата ќе замине, за брзо ќе си се вратат на старото место. Тоа и се случи.

Нормално, како што и се навикнати, ќе излезат со изјава Edmond Ademi, Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид, Oliver Spasovski и други институции и носители на јавни функции, па прстот ќе го вперат во лицата кои стопанисуваат со плажата, на нивното самоволие и непочитување на законите, со „ветување“ дека уште веднаш ќе се отстрани целата конструкција. До кога вака? Секој ден само испливуваат еклатантните примери на вашата неспособност и корумпираност. Наместо да сте регулатор, треба да ве регулираме секој еден момент, бидејќи сте спремни на сè.

https://www.facebook.com/OhridSOS/photos/pcb.2651012215177419/2651011435177497/?type=3&theater

фото: ФБ Охрид SOS

На почеток