fbpx
вто. Мај 19th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Мицкоски: Додека збориме за избори има 22 новозаболени и 2 починати од корона кризата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното интервју за телевизија Сител зборуваше за критериумите според кои ВМРО-ДПМНЕ смета  дека треба да се одржат  парламентарните избори каде како решение го понуди крајот на август или почетокот на септември, но тоа не беше прифатен од страна на Зоран Заев. Во врска со неприфаќањето на овој став од страна на Заев, Мицкоски истакна:

„Не е прифатливо затоа што како што јас успевам да го разберам неговото политичко толкување е функционирање врз основа на ултиматум и затоа почувствува вчера по завршувањето на лидерската средба да им се извинам на граѓаните што во услови кога ние броиме 26 заболени и 3 починати во текот на вчерашниот ден да зборуваме за избори. Еве сега додека го правиме интервјуто разбрав дека има нови 22 заболени и двајца починати, а ние зборуваме за избори“.

Мицкоски во интервјуто посочи дека потребно е оваа пандемија добро да биде менаџирана како што тоа го прават земјите од соседниот регион имено тој потенцираше дека оваа владата предводена од СДСМ не знае и нема капацитет да ја менаџира кризата поврзана со корона вирусот. Имено тој кажа дека очекувал повеќе труд од Комисијата за заразни болести, а не мислење од четири реченици.

„Имаше некои протоколи од Комисијата за заразни болести кои беа од 4 реченици кои во принцип секој граѓанин  знае дека треба да одржува лична хигиена, дека треба да мие раце, дека доколку се наоѓа во затворена просторија треба да има ракавици и треба да има маска на лицето, кога е на отворено треба да  држи дистанца од еден и пол до два метра и таа затворена просторија секој еден час да се проветрува. Навистина јас немам проблем со  кредибилитетот  на луѓето, таму има и медицинско лице кое што е и кандидат за пратеник од СДСМ, која што се потпишала на тој документ, немам проблем со нивниот медицински кредибилитет, но навистина бев изненаден со слабата содржина, истакна Мицкоски“.

Фото: Архива