fbpx
сре. Мај 20th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Обвинети 19 лица во Скопје заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка пред надлежен суд против вкупно 19 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, 18 од обвинетите биле затекнати при непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, додека еден обвинет не постапил по Решението со кое му била определена задолжителна самоизолација.

За сите обвинети Јавното обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози, со кои на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

фото: Архива