Македонија

Синдикатот на угостители бараат да бидат пријавени со полно работно време, К-15 и бенифициран стаж

Синдикатот за угостителство и туризам бара од Владата да им се овозможи бенефициран стаж, бидејќи, се изложени на физички напор и работат во секакви услови. Тие бараат да им се овозможат правата за платен годишен одмор, но и да бидат пријавени на целосно работно време, со целосна плата, беше истакнато на денешната прес конференција.

„Повикани сме да работиме по осум часа, а работиме по 10-11 часови и тоа не е платено. Бараме да се изнајде начин, сите работници од нашиот сектор, да добијат надоместок бидејќи и ние имаме семејства. Ние сме доста запоставени. Бараме викендите, празниците, прекувремената работа да ни биде платена. Задолжително да ни се плаќа надоместок за К-15 без да го враќаме кон газдите“, рекоа претставниците на синдикатот.

Тие потврдуваат дека поради кризата која ја предизвика коронавирусот, многумина кои се дел од угостителскиот сектор останале без работа.

фото: Архива

На почеток