Македонија

МВР ја има пораката со која Мицкоски барал од полициски службеник да ја прекине истрагата за „Теретана“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не само што му се јавил на дополнителниот помошник-министер во Одделот за внатрешна контрола во МВР, туку му пишал и смс-порака да ја прекине истрагата за снимките од посета на теретаната во време кога поради пандемијата сите теретани беа затворени, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во МВР, кои не се овластени да даваат информации за јавноста.

Внатрешната контрола не води истрага за тоа што теретаната била специјално отворена за лидерот на опозицијата наводно во време на најстрога забрана, бидејќи тоа е домен на јавна безбедност, туку за присуство на тројцата обезбедувачи од МВР во придружба на Мицкоски. Видео-снимката од празната вежбална на која се гледа Христијан Мицкоски и обезбедувањето кое носи гумени ракавици, на социјалните мрежи беше објавена на 25 април, објави СДК.МК.

Текстот во целост на СДК.МК

На почеток