fbpx
чет. Мај 21st, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Поведени постапки против 23 лица во Скопје заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации.

За сите нив, јавен обвинител до надлежниот суд достави предлог да им се определи парична казна од по 100 дневни глоби со износ на секоја дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

фото: Архива