Македонија

(ФОТО) Во склоп на затворот „Идризово“ изградена е најголемата судница во државава

Со поддршка на Европската Унија во рамките на ИПА акциската програма „Поддршка на Секторот Правда“, изградена е најголемата судница во државата во склоп на Затворот „Идризово“. Целиот овој дел од затворот се простира на 1000 м2 и има капацитет за вкупно околу 120 лица.

Во посета на новата судница во „Идризово“ беа министерката за правда Рената Дескоска, заедно со шефот за соработка во ЕУ Делегацијата Никола Бертолини, јавниот обвинител Љубомир Јовески, претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, како и директорот на Управата за извршување на санкциите, Јовица Стојановиќ.

Целта за изградбата на овој комплекс со судница во затворот „Идризово“ е во неа да им се суди на притворени, како и на осудени лица за тешки кривични дела против кои се водат и други кривични постапки, а чиј транспорт до судовите е безбедносно ризичен.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2694961894116247&set=pcb.2694964787449291&type=3&theater

Причината за лоцирањето на оваа судница во Затворот „Идризово“ е затоа што во него во моментов се сместени околу 60% од вкупниот број осудени лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор, а во овој затвор ќе биде изграден и најголемиот притворски центар во државата, со што 80% од вкупно притворените лица ќе бидат сместени во овој затвор.

Оваа судница е изградена по теркот на судниците во државите со големо искуство во справувањето со организираниот криминал.

фото: ФБ рената Дескоска

На почеток