fbpx
пет. Мај 22nd, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ФОТО) Нова донација – 85 респираторни машини за т.н. неинвазивна вентилација и дополнителни 24 концентратори на кислород

Денеска добивме донација, 85 респираторни машини за т.н. неинвазивна вентилација и дополнителни 24 концентратори на кислород. Благодарност до компаниите „Мега“, „Голден арт“, „Акустик“ и „Грин Мак“, но и до сите други компании и поединци, државни институции, странски амбасади, кои во овој период кога се справуваме со коронавирусот донираа за јавно-здравствениот систем, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа донација е многу значајна, затоа што на една сериозна група пациенти кои се заболени од коронавирусот им е потребна ваква респираторна поддршка. По завршување на оваа криза, респираторите ќе се користат за третман на пациенти кои имаат друга индикација за поддршка на дишењето.

Geplaatst door Венко Филипче op Vrijdag 22 mei 2020