Македонија

Полицискиот час ќе започне во недела во 11 часот и ќе трае до вторник до 05 часот

Владата на денешната седница одлучи дека е потребна зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд.

„Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот. Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро“, соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски преку Фејсбук.

фото: Архива

На почеток