Македонија

Породилното отсуство ќе трае до завршувањето на времените мерки

Мајките кои се на породилно отсуство сè додека траат времените мерки не мора да се вратат на работа, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

– За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи во која со членот 4 е предвидено надоместокот на плата за отсуство од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, да продолжи да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот ковид-19 – се наведува во соопштенито од МТСЦ.

 

На почеток