Македонија

Филипче: Лично сметам дека недоволно се санкционираат оние кои ги прекршуваат мерките

„Лично сметам дека недоволно се санкционира. Институциите треба поинтензивно да работат на терен да ги идентификуваат ваквите прекршоци. Мора граѓаните кои не ја почитуваат мерката да сфатат дека тоа е сериозна закана не само за нив, туку и по јавното здравје. Сведоци сме дека мерките се олабавуваат, животот постепено се враќа во нормала, но тоа е можно само со почитување на препораките, во спротивно бројот на пациенти ќе расте“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на ТВ 24.

Министерот додаде дека сега сега сме во мирна фаза врз која имаме контрола.

„Ова е ситуација со намалување на кривата и тоа е така во целиот свет. Имаме нови заболени, но како резултат на контакти со претходно заразени. Уште некои факти кои влијаат, воведовме многу рестриктивни мерки и сето тоа даде резултат.“, вели Венко Филипче.

Филипче уверува дека ситуацијата е под контрола и дека единствен начин да се спречи неговото ширење е почитување на препораките.

„Кластерите се целосно познати, има по десетина случаи заразени на собир на поширока фамилија, имаме заразени и од присутните на литијата во Струга, но ние ги лоцираме, ги следиме контактите и преземаме мерки. Во изминатиов период се покажа дека само со силно рестриктивни мерки е можно спречување на вирусот. Секако олабавување на мерките се планира и за наредната недела. Таму каде што се почитуваат мерките нема вирус, но го има онаму каде што не се почитуваат.“- изјави Филипче.

фото: Архива

На почеток