Македонија

Владата одлучи: Факултетите повторно се отвораат, но со почитување на посебен протокол

На високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот за полагање испити на високообразовните установи, а во согласност со мерките за заштита од коронавирусот од Комисијата за заразни болести, може да се реализираат студиските програми, како и проверката на знаењето, со физичко присуство на студентот, одлучи денеска Владата.

„На високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот, со физичко присуство на студентот може да се реализираат предавањата, вежбите, форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно – научната и уметничката област, консултативно – инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), полагањето на испитите и колоквиумите, како и одбраната на дипломска, магистерска теза и докторски труд“, се наведува во соопштението.

Исто така со оваа Уредба се регулира и работата на Стручната служба – може да се врши со физичко присуство на вработените, ако за тоа постои можност за примена на протоколот.

фото: Архива

На почеток