Македонија

(ВИДЕО) Петровска за тоа дали недостигаат дел од снимките од теретаната во која бил Мицковски: Не би сакала да речам „не“

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска во интервју за „360 Степени“ зборуваше за случајот со објавените снимки од Мицкоски направени во скопска теретана. Петровска на новинароското прашање одговори за тоа дали е точно дека проверките покажале дека во дел од видео-мониторингот во теретаната недостигаат одредени делови од снимките кои временски може да се совпаѓаат со времето кое се гледа на таа снимка која излезе во јавноста, во смисла на тоа дека недостигаат делови од снимките кои можеби можат да дадат одговор на дел од прашањата кои ја интересираат јавноста.

„Бидејќи бев повикана дека лажам, поприлично се заинтересирав со текот, до каде е истрагата. Известена сум дека ОЈО Скопје е информирано за тоа што е пронајдено, или недостасува при прегледот на снимките. Дали тоа што е напишано во тоа известување се совпаѓа со ова што Вие го прашавте не можам да го демантирам во интерес на вистината, но со оглед на тоа што истрагата е се уште класифицирана, не би можела ни да го потврдам. Не би сакала да речам „не“ затоа што така може да излезе дека лажам. А апсолутно не би сакала да лажам. Јас вчера по повикувањето на ВМРО-ДПМНЕ имав реакција на Фејсбук и кажав дека ако господинот Мицкоски е уверен во своите искази тоагш ќе ми биде благодарен што толку се залагам за оваа истрага да биде завршена по сите закони, исклучиво по закони и прописи“, вели Петровска.

Фото: prtsc

На почеток