fbpx
саб. Мај 30th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Во Македонија се изведе успешна трансплантација на срце, ова донесе надеж кај дваесеттина пациенти кои чекаат орган

Над дваест лица во земјава имаат потреба од трансплантација на срце. Десеттина од нив немаат никаква механичка поддршка, а останатите имаат вградени пумпи и или механичко срце. Еден од нив е 31 годишниот Кристијан Неделковски, кој е првиот пациент на кој пред 8 години му се вградени две пумпи во Берлин. Тој денес живее со многу компликации, а рокот на вградените пумпи е 5 години. Таткото на Кристијан, Зоран Неделковски вели дека состојбата му била влошена па морале да направат интевенција на вградените пумпи и платиле приватно 18 илјади денари.

Додека си здрав, не размислуваш за болести и не сфаќаш дека животот е толку непредвидлив. Денес си тука, утре те нема. Брзиот начин на живот што го живееме неосетно, бавно, ама сигурно си го зема својот данок. И никогаш не вели „мене нема да ми се случи тоа“ – зашто животот неретко знае да ти покаже дека и тоа како грешиш. Затоа, живеј го животот, а потоа подари го онаму каде што е потребно. Онаму каде што некој друг чека рака за помош, за подобро утро, за втора шанса за живот. Не можеш да промениш ништо, ниту да ја надоместиш загубата за ближниот свој, но ја имаш моќта некому да продолжиш живот. Подари љубов, подари орган, велат од здружението„Храбро срце“, кои потенцираат дека по успешната операција која за прв пат синоќа се изведе во Македонија, сега итен за втора ваква операција е Кристијан.

Инаку најмладото лице кое има потреба од трансплатација на срце има 13 години, а најстариот 61 година.

фото: „Храбро срце“