Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Зошто Рашковски е над законот и не е казнет за непочитување на законите?

Зошто Рашковски е над законот и не е казнет за непочитување на законите? Генералниот секретар на владата Драги Рашковски е жив фатен како без маска на лицето, спротивно на прописите и законската уредба слободно се движи во продавница и со тоа го загрозува здравјето на останатите присутни и демонстрира беззаконие, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Поминаа 24 часа од фотографијата, а институциите молчат за ваквото беззаконие.

Оттука оправдано се поставува прашањето зошто за Рашковски не  важат законите кои за другите граѓани важат? Дали неговата функција во владата во заминување е таа што го прави да биде над законот?

Бараме итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за демонстрираното беззаконие.

ВМРО-ДПМНЕ е за апсолутно спроведување на законите.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме Хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

На почеток