fbpx
саб. Мај 23rd, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Васил Огњановски: Му благодарам на семејството што спаси три животи, од кои едниот е татко ми

„Операцијата се направи. Полека го будат. Очекувањата се големи. Еднаш докторите го спасија, го вратија меѓу живите, сега тоа го прават уште еднаш и едно многу големо благодарам за нив. Во државата имаме многу добри доктори што ќе спасат милиони животи“, изјави Васил Огњановски, синот на пациентот кому ноќеска му беше трансплантирано срце.

Тој изрази сочувство до семејството на починатата жена, чие семејство го донираше нејзиното срце и бубрезите, за да спасат неколку животи.

„И благодарам на фамилијата што со донирањето спасија три животи, од кој еден е животот на татко ми“, рече Огњановски. Тој раскажува дека се се случило многу бргу. Им било јавено пред два дена дека е најдено срце и дека ќе биде извршена првата ваква трансплантација во земјава.

Тој би сакал да се сретне со семејството на донаторката, но вели дека најпрво треба да стивне нивната болка и да закрепне татко му пред да се реализира средбата.

„Сакаме да им кажеме дека нејзиното срце се уште чука. Фамилиите ќе останат сплотени, а срцето е нашето единство“, рече тој.