fbpx
саб. Мај 23rd, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Престрелка во Бутел – нема повредени

Вечерва инцидент во скопски Бутел. Престрелка се случила на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“.  Неофицијално, било пукано од возило во движење во друго возило, но најверојатно нема повредени. По инцидентот новоотворениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел е затворен од полициски специјалци.

Според непотврдени информации, станува збор за престрелкамеѓу две групи поврзана со инцидентот што се случи во хотелот „Александар Палас“.

Од МВР го потврдија инцидентот .

„Во 17.47 часот О.И. пријавил дека на улицата Христијан Тодоровски Карпош, новиот дел после подвозникот од десната страна, од два автомобили, едниот „фолксваген пајтон“ сива боја и „ауди А4“ црна боја од страна на неколку лица било пукано со автоматско оружје кон О.И., но никој не бил повреден. Пријавителот посочил дека препознал дел од напаѓачите. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

фото:архива