Скопје

Уапсен жител на Сингелиќ поради вчерашната престрелка во Бутел

Уапсен жител на Сингелиќ, поради основано сомнение дека учествувал во вчерашната престрелка во Бутел, информираат од МВР. Тој е уапсен за кривично дело предвизвикување општа опасност.

На 23 мај во 17,47 часот О.И. (32) од Скопје пријавил дека на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопската населба Бутел од патничко моторно возило „фолксваген пајтон“ и патничко моторно возило „ауди 4“ во кои биле четири непознати лица со автоматско оружје и пиштоли пукале кон застанато возило, а потоа и кон О.И.. Тој ги препознал Д.Ј. и А.М.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, при што биле пронајдени и подигнати за вештачење околу 20 чаури и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

фото: Архива

На почеток