Македонија

Унгарија ги отвори границите за српските државјани

Унгарија ги отвори границите за српските државјани, објави денеска министерот за надворешни работи на таа земја, Питер Сијарто, на граничниот премин Решка, по средбата со министерката за европски интеграции на Србија, Јадранка Јоксимовиќ.

Како што објави Радиотелевизија Србија (РТС), граѓаните на Србија можат да влезат во Унгарија од денеска од 10 часот на сите девет гранични премини, без тест за Ковид-19 и без задолжителен карантин од 14 дена.

фото: Архива

На почеток