Свет

Претседателката на Европската комисија ќе претстави план за економско опоравување

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од пандемијата на коронавирусот и новиот предлог за седумгодишен буџет, кој со планот е тесно поврзан.

ЕК на својата редовна седница ќе ги усвои предлозите, а веднаш потоа со нив ќе бидат запознаени сите претставници на земјите членки.

Во 13.30 часот почнува пленарната седница на Европскиот парламент, на која претседателката на Комисијата ќе ги претстави предлозите на пратениците и на пошироката јавност.

фото: Архива

На почеток