Актуелно

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен локален дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер претежно од северозападен правец, особено ќе биде поизразен вдолж Повардарието, информира УХМР

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 6.

Според најавата на метеорлозите следниве денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината.

фото: Архива

На почеток