Актуелно

ОК ВМРО ДПМНЕ: Фарсата на Георгиески излезе на виделина откако денеска целата јавност виде дека воопшто нема активности за отстранување на нелегално изградениот ѕид во „Градиште“

Фарсата на Георгиески излезе на виделина откако денеска целата јавност виде дека воопшто нема активности за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто-кампот „Градиште“, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ.

Каде е сега Георгиески откако излажа дека започнале активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид?

Глумејќи театралност пред очите на граѓаните, само по два дена најпрвин ја повлекуваат механизацијата, а потоа се дозволува да се продолжи заѕидувањето на крајбрежјето.

До кога пред очите на Георгиески ќе се нарушува светското природно и културно наследство на Охрид?

Веќе не знаеме по којпат охриѓани го видоа лицемерието на Георгиески како партиски послушник на СДСМ.

Кај Георгиески нема храброст за справување со урбаната мафија, затоа што таа е аминувана од него.

СДСМ и Георгиески докажаа дека не се способни да го задржат статусот на Охрид како светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

На почеток