Свет

Трамп категоричен: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО.

Тој рече дека САД се решиле на овој потег затоа што веруваат дека СЗО е премногу блиска до Кина и имала лош пристап во управувањето со пандемијата на коронавирусот.

Трамп додаде дека сите средства што САД досега ги издвојувале за СЗО сега ќе бидат пренасочени за други организации.

фото: Архива

На почеток