Свет

Починатиот Флојд и полицаецот уапсен поради неговото убиство работеле во ист ноќен клуб

Афроамериканецот Џорџ Флојд, чија смрт во поднеделникот предизвика насилни протести низ САД, и Дерек Чавин, полицаецот кој е упасен поради неговата смрт, работеле во ист ноќен клуб во близина на Минеаполис.
Чавин работел во обезбедувањето на клубот како полицаец вон должност скоро 18 години, додека Флојд работел таму скоро една година, изјавила Сантамарија за „Еј-би-си 5“. Тој исто така работел како дел од обезбедувањето на ноќниот клуб.

Дерек Чавин е уапсен денеска во Минесота, објави „Стар трибјун“, најголемиот весник на Минесота. Сè уште нема информации за што се товари.

Против Дерек Човин, сега поранешен полицаец одговорен за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, се поднесени 18 обвиненија, соопшти полицискиот оддел во Минеаполис, според Си-Ен-Ен.

Џорџ Флојд почина во понеделникот. Неговата средба со полицијата ја снимил случаен минувач. На снимката, Флојд лежи со лицето свртен кон земја, на рацете има лисици и моли за помош повторувајќи дека не може да дише, пред да престане да се движи.

За цело време, полицаецот со колено го притиска во пределот на вратот.

На почеток