Свет

(ВИДЕО) Нападнат центарот на CNN Атланта

Најмалку три полицајци се повредени, а упасени се повеќе демонстранти, откако демонстранти на афроамериканското население во САД, го нападнаа центарот на CNN Атланта. Запалени се полициски автомобили, уништени продавници, горат кафетерии на Старбакс…

Демонстрантите ги каменуваат полицајците кои го бранат, ги гаѓаат со чадни бомби, но и со ножеви.

Протестите ескалираа поради смртта на еден Афроамираканец во Минеаполис, кој буквално беше загушен со нога на вратот од страна на полицаец при апсењето.

Полицаецот е уапсен и ќе одговара за убиство, но тоа не ги смири демонстрантите.

Фото: CNN

На почеток