Македонија

Ќе има ли нова четврта вонредна состојба?

Денеска во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, на пладне ќе се одржи седница на Советот за безбедност. Ќе се одлучува дали ќе се укине или ќе се воведи нова вонредна состојба.

Како што информираат од претседателскиот кабинет, на седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на Пендаровски, ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.

Денеска истекуваат последните 14 дена од последната вонредна состојба, која Пендаровски ја прогласи на 18 март.

фото: Архива

На почеток