Некатегоризирани

(ВИДЕО) „Од Македонија сум“, рече еден од уапсените напаѓачи кои пукаа во шефот на кавачкиот клан во Киев

Украинската полиција објаави видео снимки од апсењето на напаѓачите на шефот на кавачкиот клан Радоје Звицер од Црна Гора,  кој вчера беше тешко ранет во центарот на Киев. Според соопштението на тамошната полиција напаѓачите се државјани  на Србија, Црна Гора и Македонија.

Од видеото се гледа како еден од нив го прашуваат од каде и, а тој одговара-Од Македонија.  Осомничените за време на апсењето пружале отпор и се обиделе да и избегаат на полицијата и да заминат за Молдавија, но биле спречени.

Инаку на Звицер пред два дена околу 18 часот во елитниот дел на Киев пукале двајца мажи, а по нападот побегнале со „смарт“, па го запалиле автомобилот за да прикријат траги. Еден од напаѓачите бил зафатен од огнот.Звицер е во тешка состојба и се уште се бори за живот.

Српските медиуми пишуваат дека оваа војна меѓу црногорските кланови кавачи и шкаљари се води уште од 2015 година и до денес се загинати најмалку 41 личност.

„Главните причини за обидот за атентат биле криминални активности на жртвата, можна прераспределба во криминалната организација, како и меѓу балкански криминални кланови, кои ја контролираат трговијата на дрога“, рекол шефот на Националната полиција на Украина, Игор Клименко.

фото: Украинска полиција

На почеток