Коронавирус

Филипче: Епидемијата е под контрола, сите новозаразени се со лесна клиничка слика

Епидемијата е под контрола, сите новозаразени се со лесна клиничка слика, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче. Филипче рече дека многу мал е бројот на пациентите што се јавуваат во болница и дека голем дел од новозаразените лечењето го продолжуваат во домашни услови. Тојдодаде дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 се од Скопје од веќе познати општини и познати кластери, пред сè од Чаир и Сарај.

„Во Сарај веќе почна да се намалува бројката на заболени. Останува Чаир и таму работат тимовите за јавно здравје. Понатаму е Студеничани, каде денес се анкетираат лица. Во Штип новодијагностицираните се од неколку конфекции. Денеска екипа од Министерството за здравство и Државниот здравствен инспекторат беа таму и донесена е одлука да се затворат пет конфекции до наредниот понеделник, а 600 луѓе ќе бидат истестирани во тој период“, рече Филипче.

фото: Архива

На почеток