Свет

(Видео) Се урна мост во Русија

Растот на нивото на реката Кола и топење на мразот, го оштетија потпорниот ѕид на железничкиот мост во Мурманск во Русија, кој вчера се сруши. Железницата во оваа земја ветила дека ќе го оспособи сообраќајот за пет дена. До тогаш патниците ќе се превозуваат во автобуси.

Мост е од тридесетите години од минатиот век, а пред шест години била направена мала реконструкција.

фото: The Global Herald

 

На почеток