Скопје

Градоначалникот на Чаир: Не ја гледам логиката само Чаир да биде затворен, да се затвори цело Скопје

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој од вчера е во самоизолација поради контакт со заболено лице вели дека тие како општина  ги спровеле сите мерки и препораки што им биле дадени. Тој бара не само Чаир, туку да се затвори цело Скопје.

-Ние важевме за општина која имаше најмалку заболени, а пред завршувањето на Рамазанските пости имавме само тројца кои само со адреса се водеа во Чаир, а не живееја таму. Не би сакал да прејудицирам и да навлегувам во анализи за кои како локална власт немаме ниту ингеренции, ниту пак имаме стручни луѓе кои тоа би го направиле.

Од денешните дијагностицирани со Ковид-19 само 4 или 5 живеат во Чаир, а остантите се во околните општини или населби. Не ја гледам логиката само Чаир да биде затворен. Овој проблем не го решаваме само со Чаир и ако се презема нешто мора тоа да биде направено заеднички за цело Скопје, истакна вчара Ганиу.

фото: Архива

На почеток