Македонија

Јанева: Не сум виновна, грубо сум изманипулирана од една личност и од неговата сопруга, од Јордан и Ана Камчеви

Второобвинетата во „Рекет“ Катица Јанева во денешните завршни зборови за пријавителот на случајот Јордан Камчев и сопругата Ана кажа дека ако би ги знаеле, не би им дозволиле да се приближат до судската зграда, а не па да сведочат, нарекувајќи ги дно на дното, пренесува СДК.

-Не сум виновна, грубо сум изманипулирана од една личност и од неговата сопруга, од Јордан и Ана Камчеви, кои ако би ги знаеле, не би им дозволиле да се приближат до судската зграда, а не па да сведочат. Тие се дно на дното. Дека Орце сакаше да соработува во други предмети и да се приближи, тоа го докажавме. Тој е прљав играч и сакаше да ме купи. Ама мене не може да ме купи. Се заебал!“, кажа Јанева.

Таа употреби остар речник и кога зборуваше директно за обвинителката Вилма Русковска, која денеска не беше во судницата бидејќи беше на рочиште за случајот со организаторите на „27 април“.

-Што би рекле Србите: ‘Изеде ме туѓа срамота’. Да подигнеш обвинение без вештачење, да биде прифатено од тројца судии, а без половина докази да се доставени до судот. Се срамам што сум дел од овој процес, истакна Јанева.

Пресудата за „Рекет“ ќе биде соопштена на 18 ти јуни.

Текстот во целост на: СДК.МК

фото: Архива

На почеток