Македонија

Бабата на бебето што почина во Швајцарија заминала од Инфективна позитивна на Ковид

Бабата на десетмесечното бебе што почина во Швајцарија, ја напуштила Инфективна клиника на свое барање, таа е позитивна на Ковид и е на домашно лекување, потврди за НОВА, министерот за здравство Венко Филипче. Министерот изјави дека таа сакала да го прими и Решението за самоизолација, па морала да интервенира полицијата, објави НОВА ТВ.

Според информациите до кои дојде НОВА, таа од клиниката си заминала во саботата, неизлекувана, а тестот кој и бил земен повторно се покажал позитиве. Но бабата не го ни чекала, се потпишала и си отишла дома. Нема информации со кого си заминала од клиниката, некој ја земал од таму.

Поради тоа што не одговарала на телефонските повици и никој не отворал на адресата каде што живее, била побарана асистенција од МВР, по што еден ден подоцна, во неделата и било доставено Решение за самоизолација.

Извори од клиниката за НОВА посочуваат дека бабата во тие неколку дена престој плачела, викала, инсистирала по секоја цена да си оди дома што фактички било невозможно да ја задржат на лекување. Таа имала лесна клиничка слика.

фото: Архива

На почеток