Кандидатот за пратеник од изборната единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, на социјалните мрежи објави дека бил цел на напади во изминатиот период, кои решил да ги пријави и во МВР. Тој го прашува и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дали неговите советници секогаш имааат насилни методи за заплашување на противкандидатите.
„После бројни напади во изминатиот период за кои не сум проговорил, одлучив јавно да објавам за денешниот кој беше сериозна и директна закана за мојата безбедност и личен интегритет. Инцидентот е пријавен во полициска станица по што очекувам да биде покренета соодветна постапка. Сакам јавно да го прашам г-динот Заев, дали му е навика во вакви насилни методи на заканување да ги злоупотребува неговите советници за заплашување на опозиционите кандидати во изборниот процес? Или можеби овие негови советници, кои земаат државна плата од владата, му се целосно вон контрола? Наскоро ќе ги информирам и претставниците на меѓународната заедница. Нападите ги гледам како обид за заплашување кон мене и атак против слободата на мојот избор да го бранам „македонското“ во сопствената татковина“, пишува Дурловски.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3461127157239170&set=a.604604659558115&type=3&theater
Одговорност побара и неговиот лидер, Христијан Мицкоски.
„Сакам да им порачам на сите што мислат дека вака ќе тераат, и на носителката на ИЕ 5, чиј политички противник е Дурловски, која веќе 20 години е во политика, а најмногу на нивните шефови Зоран и Вице Заеви – Македонија ќе ве победи. Дурловски неправедно обвинет издржа прогон, а сите ние не само што ќе ве издржиме сите Вас, туку заедно со народот силно ќе ве победиме“, напиша Мицковски на ФБ.