fbpx
вто. Јун 30th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ВИДЕО: Објавена снимка од аспењето на полицајците кои беа фатени како прават журка

Уапсените полицајци во кратовското село Куклица кои правеле забава, не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот, констатираат од МВР. Оттаму велат дека за санкционирање на нивното однесување, покрај Обвинителството, ќе учествуваат и инспектори од МВР, заедно со Внатрешната контрола.

Порталот „А1он“ ја објави снимката од приведувањето на полицајците кои се журкале вчеравечер.

„Веднаш се преземени мерки и известен е Јавен обвинител, по чии насоки на местото излегле полициски службеници и на приватен имот во с.Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност и кои биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од кривичниот законик. Од страна на Одделот за внатрешна контрола при МВР и инспектори од соодветните организациони единици се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.