Скопје

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Додека скопјани се во карантин Шилегов од одмор во Маврово распиша уште еден оглас за партиски вработувања, овој пат во ЈСП

Владата го затвори Скопје, а Шилегов ужива во Маврово и распишува нов оглас за партиски вработувања во ЈСП. Додека скопјани се во карантин Шилегов од Маврово распиша уште еден оглас за партиски вработувања, овој пат во ЈСП. Овој оглас е трет во низата, по тие во Дрисла и Комунална Хигиена кои се во вкупна вредност од над 300 илјади евра. За најновиот оглас за партиски вработувања во ЈСП не е наведена предвидената сума, и се третира истата како службена тајна. Криењето на износот на пари кои Шилегов ќе ги потроши партиски да вработува значи дека недомаќински и расипнички се трошат парите на скопјани за партиски цели пред изборите, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Шилегов за време на карантинот одмара во својот „скромен“ дом од неколку стотина метри квадратни за кои јавноста единствено што знае е тоа како не го заработил, односно по негово признание тоа не е со платата, зошто Шилегов не работел за плата, продолжи недомаќински да се однесува со парите на Скопјани кои ги троши за партиски вработувања. Шилегов е должен да објасни поради кои причини сега ги распишува огласите, зошто се крие сумата за вработувањата во ЈСП, и зошто тоа го прави пред избори?

Шилегов од град Скопје наместо метропола претвора партиски штаб за вработување на партиски војници, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

фото: Архива

 

На почеток