Коментари

Тоа што Мицкоски и Андоновски најавуваат дека ќе ја платат казната е минорно во споредба со нивната одговорност

ФБ статус:

Тоа што Мицкоски и Андоновски најавуваат дека ќе ја платат казната што загрозувале јавно здравје е минорно во споредба со нивната морална, професионална и политичка одговорност за премолчувањето на кривичните дела. Лидер на партија, претендент за премиер, советник во МВР и командир на специјална единица немо посматрале како пред очи некој попречува службени лица и крие снимки со цел да ги заштити.

Нивните позиции налагаат тие да го спречат угостителот во отпорот против пазарните инспектори и тие да инсистираат да се направи контрола. Мицкоски и другарите од МВР ако беа одговорни и чесни, за какви што се преставуваат, тогаш на инспекторите ќе им кажеа дека не ги знаеле мерките и ќе примеа казна. Таков е редот и законот.

Ако, пак, се потврди дека вмровските функционери учевствувале во диверзијата со снимките, тогаш тоа ќе биде сериозно кривично дело. Но, и да не учевствувале тие не презеле ништо против криењето доказен материјал.
Значи, приказната не завршува со тоа што Мицкоски и Андоновски ќе платат казна.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2305362159759508&id=100008572394951

На почеток