Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,23 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени сво огласност со одлуката од 1 јуни.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 01.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 01.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 39,00 ден/литар.
фото: Архива