Македонија

Во Струмица пронајдени 38 мигранти

Синоќа во 1 часот по полноќ на влезот во Струмица полициски службеници откриле 35 мигранти (21 од Бангладеш, 11 од Пакистан и трoјца од Сирија).

Подоцна, во 8 часот, кај кванташкиот пазар во Струмица биле откриени уште тројца мигранти од Пакистан.

Мигрантите биле предадени во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а полицијата работи на расчистување на случајот.

фото: Архива

На почеток