Македонија

Нема договор за нов датум, пропадна уште една средба на Заев и Мицкоски

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираат дека вечерва не е постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори.

„На средбата се разговараше за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудија аргументи во прилог на нивните позиции. На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори“, пишува во соопштението по средбата.

Заев и Мицкоски се договориле да ја продолжат комуникацијата меѓу себе. На покана на претседателот Стево Пендаровски, вечерва во „Вила Водно“ се одржа средба со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На почеток