Актуелно

Нови 11 заразени и еден починат од Ковид-19 во Охрид

Нови 11 случаи на коронавирус се дијагностицирани во Охрид, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Со ова бројката на активни заболени случаи се искачи на 48 лица.

Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

На почеток