Коментари

Препукување на социјалните мрежи помеѓу Шилегов и Меџети

Препукување на Петре Шилегов со претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир и поранешен градоначалник на оваа општина Изет Меџити, на социјалните мрежи по осветлувањето на скопското Кале од страна на ДУИ.

„Ако Барак Обама може да стане претседател на државата, зошто Албанец може да стане Премиер во РМВ? Дали е ова општество за сите како што се тврди? Зошто да не , господине Шилегов?“, напиша Меџити на својот профил.

Шилегов веднаш одговори на оваа прозивка:

„Криењето на сопствената неспособност зад Обама, не е ништо друго освен потврда на тоталната неспособност да се справите со вистинските проблеми на граѓаните. Особено во Чаир. Не им зборувајте за Обама. Зборувајте им за неасфалтираните улици, немањето водовод и канализација. Субстандардните услови на живеење. Во 21 век. Во општина што “обамовски” ја водевте и ја водите. Евтини се приказните. Па макар и Обама да ги “раскажува”, напиша Шилегов.

фото: Архива

 

На почеток